Дома Фудбал Италија Италијанската Федерација отвори истрага – претседателот на Интер може да биде казнет

Италијанската Федерација отвори истрага – претседателот на Интер може да биде казнет

Најновата промена во календарот во Серија А и одлуката дербито помеѓу Јувентус и Интер да се игра на 9-ти март го налути претседателот на „нероаѕурите“ Стивен Жанг.

Кинескиот милијардер остро го нападна и го напреди првиот човек на Серија А, Паоло дал Пино и отвори голема полемика во италијанската јавност.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ти си најголемиот кловн кој сум го видел. Си играш со календарот и го оставаш здравјето на луѓето во втор план. 24 часа? 48 часа? Седум дена? Кој е твојот следен чекор? Ти ли ќе ми зборуваш за фер-плеј игра? Да, тебе ти зборувам Дал Пино. Како не ти е срам. Време е да си понесеш одговорност“, остар беше претседателот на Интер.

Грубите зборови кои Жанг ги употреби против Дал Пино се причина за истрагата на дисциплинската комисија на Серија А и наскоро може да му биде изречена казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…