Дома Фудбал Лига на шампиони Италијанската легенда: Да бев на местото на Бонучи, Мурињо ќе добиеше клоца во задникот

Италијанската легенда: Да бев на местото на Бонучи, Мурињо ќе добиеше клоца во задникот

tacconi bonucci

Манчестер Јунајтед со голем пресврт во финишот во средата стигна до победа против Јувентус во Торино од 1:2.

После натпреварот Жозе Мурињо ги разбесни фановите на „старата дама“ со провокативните гестикулации. Таквиот потег на Мурињо можеше да предизвика и судир на теренот, а најжесток во реакцијата беше стоперот Леонардо Бонучи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


https://www.youtube.com/watch?v=cJ6iBvvYd4k

Сега во јавноста се огласи голманската легенда на Италија, Стефано Такони. Тој смета дека реакцијата на фудбалерите на Јувентус била преблага, но и објасни што тој би направил доколку се најдеше на местото на Бонучи.

„Доколку бев на местото на Бонучи, Мурињо ќе добиеше клоца во задникот“, порача Такони.

Иначе, Такони дресот на Јувентус го носеше од 1983 до 1992 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…