Ги добивме паровите за ¼ финалето во Лигата на шампионите, а можеме да кажаме дека низ историјата единствни непознаници се Баерн Минхен и Севиља.
Јувентус – Реал Мадрид
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Да започнеме по ред, Реал Мадрид и Јувентус се стари познаници, сите го паметат и минатогодишното финале во Кардиф, но и тоа како пред три години „старата дама“ ги исфрли „кралевите“ во полуфиналето.
Според историјата и традицијата на Јувентус повеќе му одговараат средби со два натпревари, а додека Реал е подобар кога се игра еден натпревар, односно во финалето.
Реал на два пати го победуваше Реал во финалето, во мај оваа година беше 4:1, додека далечната 1998 година „кралевите“ славеа со голот на Пеџа Мијатовиќ.
Кога во прашање се средбите со два натпревари, како што кажавме во сезоната 2014/2015 Јуве го исфрли Реал во полуфиналето, но подоцна во финалето беше поразен од Барселона.
Јуве првиот натпревар го доби со резултат 2:1, во реваншот Алваро Мората погоди против своите за 1:1.
Пред тоа два пати играа во иста група во ЛШ, во сезоните 2013/2014 и 2008/2009. Пред десет години Јуве славеше на два пати, 2:1 и 0:2, додека во 2013 Реал победи со 2:1, во вториот натпревар резултатот гласеше 2:2.
Кога се ќе се собере Реал и Јуве одиграа 20 натпревари, имаат по девет победи, два пати беше нерешено.
Барселона – Рома
Барселона и Рома се сретнаа пред две години во групната фаза. Во Рим беше 1:1, додека на „Камп Ноу“ Барса беше убедливо подобра со 6:1.
Пред тоа во елитното натпреварување играа во сезоната 2001/2002, Рома победи на „Олимпико“ со 3:0, додека во реваншот беше 1:1.
Ливерпул – Манчестер Сити
Во ова англиско дерби благ фаворит поради моменталната форма е Манчестер Сити, но Ливерпул сега повторно се врати во Европа, а познато е колку добро знаат да играат „црвените“ во завршницата од ова натпреварување.
Кога во прашање се меѓусебните дуели Ливерпул има вкупно 87 победи во сите натпреварувања, нерешено беше 46 пати, додека Манчестер славеше на 45 натпревари.
Од друга страна оваа сезона Манчестер Сити на свој терен славеше со убедливо 5:0, додека во вториот натпревар на „Енфилд“ Ливерпул дојде до победа со 4:3 и покажа дека може да се надигрува со тимот на Пеп Гвардиола
Баерн Минхен и Севиља до сега не се сретнале во Европа, но јасно е баварците во оваа средба се фаворити.