Дома Фудбал Италија Историја за Беневенто: Италијанскиот шампион на колена по првите 45 минути (Видео)

Историја за Беневенто: Италијанскиот шампион на колена по првите 45 минути (Видео)

Во рамки на натпреварот помеѓу Јувентис и Беневенто, беше само прашање со колкава разлика италијанскиот шампион ќе слави во овој меч против екипата која не освои досега ниту еден бод во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, ситуацијата на теренот засега е нешто поинаква, со оглед на тоа дека Беневенто сензационално води со 1:0 и тоа благодарение на фантастичниот погодок на Амат Кикирети од слободен удар.

Беневенто до водство стигна во 19. минута, а Јувентус до крајот на полувремето не успеа да изедначи, па ќе биде интересно да се сочека крајниот епилог од овој дуел.

За Беневенто кој во првите 11. кола доживеа исто толку порази, со гол разлика 4:28, голот во Торино беше историски, а знаеја и да го прослават.

Погледнете во продолжение

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…