Дома Топ вести Историјата се повторува: После Ван Перси Јунајтед повторно ја купува ѕвездата на Арсенал!

Историјата се повторува: После Ван Перси Јунајтед повторно ја купува ѕвездата на Арсенал!

Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека прва трансфер цел на Жозе Мурињо следното лето ќе биде ѕвездата на Арсенал.

Стануав збор за Алексис Санчез кој веќе одлучи да ја промени средината и одби да го продолжи договорот со Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја применат истата „тактика“ како со Ван Перси пред неколку години и да ги доведат „топџиите“ пред свршен чин бидејќи Санчез влегува во последната година од договорот.

Арсенал се помири со фактот дека на крајот на сезоната ќе остане без Санчез, но ќе направи се за Чилеанецот да не премине во друг клуб од Премиер лигата.

Мурињо смета дека Санчез ќе биде идеален партнер на Ибрахимовиќ и фудбалер со кој ќе може да атакува на титулата, па наводно поради него се откажал од Антоан Гризман.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат плата од 250.000 фунти неделно, колку што бара Чилеанецот, па останува да видиме како ќе реагира Арсенал на ваквото „сценарио“.

Покрај Јунајтед за Санчез силен интерес покажуваат уште и ПСЖ, Јувентус и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…