Дома Македонски спорт ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА: Македонија на претходното СП беше во иста ситуација!

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА: Македонија на претходното СП беше во иста ситуација!

Денес Македонија го игра четвртиот натпревар на Светското првенство и за противник ќе ја имаме селекцијата на Шпанија.

Шпанците се фаворити и тоа е јасно, тие се актуелните европски шампиони, но она што за нас е интересно што распоредот ни се повторува и е идентичен како на претходното Светското првенство во Франција (2017 година).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И на тој плантерен собир како и на овој во последните две кола во период помал од еден ден Македонија играше против Шпанија и Исланд!

Тогаш на 18-ти јануари игравме против Шпанија и дадовме голем отпор. Во првото полувреме бевме рамноправни, па на одмор се замина со 14:14. На крајот сепак бевме поразени со четири гола разлика, 25:29.

19 ипол часа подоцна нашите ракометари ги очекуваше натпревар против Исланд. Во тој натпревар ни одговараше и реми кое не водеше во следната фаза. Натпреварот така и заврши 27:27.

Денес сценариото е скоро идентично, вечер играме против Шпанија, а 20 часа подоцна против Исланд. Ако направат кикс против Јапонија (денес 15.30 часот) би можеле и да ја повториме историјата, но ние се надеваме и на промена со победа на барем еден од двата натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…