Фудбалската репрезентација на Сан Марино вчера освои бод на гостувањето кај Лихтенштајн.
Оваа селекција успеа да одигра 0:0 со фаворизираниот ривал и го постигнаа еден од своите најголеми резултати во 30 години долгата историја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај тоа што го запишаа првиот бод на едно гостување после шест години (Естонија 1:1), првпат во 30 години колку што имаа репрезентација не примија гол на гости.
Претходно често пати мрежата на Сан Марино беше полнета до врв. Ретко пати постигнуваа голови, а ова им е вкупно четврт нерешен натпревар во официјалните натпревари.
Во 167 одиграни натпревари имаат само една победа и тоа токму против Лихтенштајн во 2004 година, четири нерешени средби и 162 порази.