Дома Фудбал Испаднаа од Ла Лига, а сега поради скандалот со наместени натпревари бараат да бидат вратени

Испаднаа од Ла Лига, а сега поради скандалот со наместени натпревари бараат да бидат вратени

Eкипата на Џирона испрати барање до Фудбалскиот сојуз на Шпанија бидат 21 тим во Ла Лига наредната сезона.

Џирона минатата сезона заврши на 18-тата позиција во првенството. Тоа значеше дека се простуваат од друштвото од најдобрите, но раководството на тимот се одлучи за интересно барање.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тие побараа да бидат вратени во Ла Лига како 21-ви тим наредната сезона и тоа откако екипата на Ваљадолид беше обвинета дека го наместиле натпреварот од последното коло против Валенсија (0:2).

Секако, тешко е да се верува дека раководството на Ла Лига ќе го одобри ваквото барање и се очекува истото да биде одбиено.

Така, Џирона ќе мора да оди во понизок ранг, а Ваљадолид ќе се соочи со санкции поради нелегелно работење во минатата сезона.

Овој тим веројатно ќе ја започне сезоната со минус на своето бодовно салдо. Се претпоставува дека ќе бидат казнети со одземање на шест бодови и за нив сезоната ќе биде тешка од самиот почеток.

Оваа сезона тие завршија на 17-тото место со 41 бод. Го обезбедија опстанокот на едно коло пред крајот и во последното коло имаа можност за опуштен пристап.

На крајот се покажа дека натпреварот е договорен. Главни во местењето на натпреварот биле Раул Браво и Карлос Аранда, а групата која местела натпревари паднала после откривањето на пораките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…