Bo рамките од 16. коло во ПМФЛ Шкупи утре во Автокоманда ќе игра против Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Против Скопје Шкупи влегува после елиминацијата од Македонија Ѓорче Петров во Купот на Македонија.
„Не сакам многу да зборувам за натпреварот во средата, ова е фудбал, се случуваат такви работи. Треба да учиме од грешките и да бидеме подобри во следните натпревари. Максимално сме фокусирани на натпреварот со Скопје и сакаме да ги освоиме трите бода. Продолжуваме да бидеме мотивирани и да се бориме за нашиот клуб и навивачите“, изјави фудбалерот на Шкупи, Фатих Исмаили пред овој натпреварот.
Натпреварот како и останатите утрешни во ПМФЛ се игра со почеток од 13:00 часот.
Фото: ФК Шкупи