Дома Македонски спорт Исламовиќ: Вечерта Буштур не пиеше алкохол

Исламовиќ: Вечерта Буштур не пиеше алкохол

Познатиот балкански пејач Ален Исламовиќ е еден од последните луѓе кои биле во друштво со легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур кој трагично го загуби животот во собраќајна несреќа.

Исламовиќ за „Јутарњи лист“ откри дека со Буштур биле заедно со 22:30 часот после што Буштур се упатил кон својот дом.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се познавав со Буштур околу една година, за првпат се сретнавме во Скопје кај градоначалникот. Од таа средба секогаш кога ќе дојдев во Македонија му се јавував. Така беше и во средата. Кога му се јавив тој ми рече: „Ајде да одиме на вечер“, ја одбив поканата затоа што веќе јадев, но се согласив да се најдеме на пијачка. Заедно бевме околу еден час од 21:30 до 22:30. Сега жалам што не останавме подолго, но јас сакав да отспијам пред патот за Загреб, имав лет рано натуро. Се договоривме да седиме подолго следен пат, за жал таа средба нема да се оствари. Се уште не можам да верувам дека вчера беше нашатап оследна средба“.

За трагичниот настан Исламовиќ дознал околу три часот по полноќ.

„Ме возеше заеднички познаник. Тој ме праша дали слушнав што се случил, прво мислев дека се шегува, бев шокиран кога сфатив дека е сериозен. Вечерта Буштур не пиеше алкохол, ние пиевме шприцер, тој пиеше кафе и минирална вода. Мене човечки ми падна на памет дека можеби му откажало срцето. Не верувам да возел брзо, мора нешто да му се случило за да ја изгуби контролата. Нека му е вечна слава и сочуство до неговото семејство. Засекогаш ќе остане во моето срце“, изјави Исламовиќ за хрватскиот медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…