Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско најверојатно ќе го напушти „кралскиот“ клуб во јануари, а англиските медиуми тврдат дека е многу блиску до преселба во Премиер лигата.
Имено, Челзи веќе спремил понуда и е многу блиску да го донесе Шпанецот на „Стенфорд Бриџ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сините“ за потписот на Иско ќе платат 70 милиони фунти, додека фудбалерот во Лондон би требало да заработува 250.000 фунти неделно.
Иско со доаѓањето на Солари на клупата падна во втор план и видливо е дека не е среќен во Мадрид, па дури и навивачите се свртеа против него.
Реал Мадрид е спремен да ја прифати понудата, а англиските медиуми се сигурни дека трансферот е блиску до реализација.