Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско во едно интервју за шпанските медиуми имаше совет за својот соиграч, Марко Асенсио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот репрезентативец на Шпанија покажа дека е голема иднина на европскиот фудбал, а сега доби и совет.
„Во иднина го чекаат навистина убави работи, но и во сегашноста. Практично нема фудбалер кој има таква лева нога. Мораме да го оставиме да напредува и да не му ја полниме главата. Негово е само да работи, а не да размислува за „Златната топка“, изјави Иско за „Марка“.
Потоа Иско доби и прашање за Зинедин Зидан.
„Зидан ми дава повеќе слобода во играта отколку неговите претходници. Оваа година направив чекор напред и се чуствувам навистина добро. Имам 25 години и капацитет да напредувам. Сакам да постигнувам повеќе голови, повеќе да асистирам и да давам поголем дорпинос во играта“, изјави Иско.