НИКОЛА ЈОКИЌ беше суспендиран во втората четвртина од натпреварот во кој неговиот Денвер Нагетс го победи Чикаго Булс на гости со 114:106.
Јокиќ мораше предвреме да го заврши натпреварот поради приговори на судијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како и неговиот тренер Мајкл Мелоун, Јокиќ остана во шок по исклучувањето. Подоцна српскиот центар беше запрашан за коментар, на што тој одговори: „Се случи тоа што се случи. Претерав, но зборот што го кажав понекогаш оди без техничка грешка. Некои луѓе го толерираат тоа. Нема да зборувам повеќе за тоа“.
Коментаторите на на натпреварот беа шокирани од исклучувањето на Јокиќ. “Дали тој ќе биде исклучен поради ова? Леле. Ова е страшно. Ова е претерано. Дајте му техничка, но да го исклучите за ова…” рекоа тие.
Jokić ejected after this no-call 😮 pic.twitter.com/qjXDCLdA7z
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 13, 2023