Дома Фудбал Останато Иран се пласира на Светското првенство во Русија!

Иран се пласира на Светското првенство во Русија!

Фудбалерите на Иран изборија пласман на Светското првенство во 2018 година и станаа третата селекција по домаќинот Русија и Бразил, која се пласира на Мундијалот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иран, во Групата А, го совлада Узбекистан со 2:0, со головите на Азмун и Тареми и на две кола до крајот на квалификациите има 20 бодови на првото место, осум повеќе од третопласираниот Узбекистан.

Пласман од А групата на СП ќе избори уште една репрезентација, а во моментов на второто место се наоѓа Јужна Кореја со 13 бодови.

Репрезентацијата на Иран во досегашниот тек од квалификациите нема примено ниту еден гол. Селектор на оваа селекција од 2011 година е поранешниот тренер на Реал, Португалецот Карлос Кеирош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ го објави новиот дрес на Македонија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација го доби новиот дрес со кој ќе игра во следниот перио…