Килијан Мбапе се здоби со скршеница за време од натпреварот од првото коло против Австрија и поради тоа најверојатно нема да биде на располагање за дуелот со Холандија.
Стравуваа Французите дека Мбапе може да не биде спремен и за дуелот против Полска во третото коло од групата, но сепак последната порака од неговиот соиграч Вилиам Салиба е охрабрувачка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Го видов утрово, беше малку подобар. Мислам дека замина на уште тестови. Не знам ништо повеќе. Сепак, кога го видов утровот – делуваше дека Мбапе е подобар“, изјави Салиба.
Франција против Холандија игра во петок од 21:00 часот.