ФИФА припрема измени кога во прашање се преодните рокови, големото трошење на пари и ограничување на моќта на фудбалските агенти.
Како што открива првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфатино спремен е да стави крај на ваквото трошење на пари и доминацијата на клубовите кои на различни начини се обидуваат да го изиграат ФФП (финансискиот фер плеј-).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Инфатино пред извршниот одбор на ФИФА ќе изнесе предлог од 11 точки за кој верува дека ќе биде прифатен.
Она што е основно, е неможноста да се воведе ограничување на платата на играчите, но и провизијата на агентите кои ја добиваат од т.н „комисија“ во износ од пола милијарда долари, додека клубот кој го создал инкасира само 60 милиони.
Се спрема и намалување на должината на преодниот рок со цел тимовите да бидат формирани пред почетокот на шампионатот. Покрај тоа ќе биде ограничен и бројот на играчи кој еден тим може да ги доведе во текот на зимата, значи никако не ќе може да ја промени комплетната екипа. Но тоа не е се би се намалил и бројот на играчи кои можат да бидат на позајмица.
Новите правила ќе бидат симболика за финансискиот фер плеј, клубовите не ќе може да трошат повеќе од 80% од приходите на засилувања и плати. На крајот се наведува и дека е можно воведување правило секој тим да има одреден број на играчи од младинскиот погон во својот тим.
Јасно е, доколку сето ова Инфантино успее да го спроведе работите ќе се променат. Најголемите клубови ќе мораат да го менуваат системот на работење и повеќе да вложуваат во своите фудбалски школи.
Останува да видиме дали овој предлог ќе помине кај извршниот одбор на светската фудбалска федерација.