Актуелниот лидер во Серија А, екипата на Интер планира додатно да се засили во зимскиот преоден рок, а една од главните трансфер цели е Симоне Верди од Болоња, тврдат италијанските медиуми.
25-годишниот Верди оваа сезона блеска во дресот на Болоња, доби повик во репрезентацијата и го привлече вниманието на „нероаѕурите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спалети смета дека идеално би се вклопил во неговата формација бидејќи може да игра подеднакво добро како лево и како десно крило.
Раководството на Болоња е спремно да се раздели со својот најдобар фудбалер доколку добие адекватна понуда, а „нероаѕурите“ наводно веќе стапиле во контакт со фудбалерот.
GOOOOAAAAALLLLL!!! Simone #Verdi opens the weekend's scoring, 1-0 inside 3 minutes. #BolognaSamppic.twitter.com/6bKSxzkaRy
— Lega Serie A (@SerieAchannel) November 25, 2017