Дома Топ вести Интер ја „краде“ младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Интер ја „краде“ младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во напреднати преговори со младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг.

20-годишниот крилен фудбалер се смета дека ќе биде новата „голема ѕвезда“, но не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“, па поради тоа не сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед кој истекува на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус веќе му понудил на Чонг „пристојна“ плата и богати бонуси доколку одбие да ја продолжи соработката со Јунајтед и дојде во Торино.

Но, сега Интер презеде конкретен чекор за да ги расипе плановите на Јувентус и да го намами младиот офанзивен играч за врска во неговите редови.

Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ се сретнале со Синух Мохамед, менаџер на Чонг и „ставиле на маса“ петгодишен договор вреден два милиони евра по сезона, со опција за автоматско зголемување на приходите во зависност од натпреварите на Чонг.

Исто така, се верува дека Интер подготвил пет милиони евра „награда“ за менаџерот на Чонг, доколку младиот Холанѓанец пристигне во Милано.

Директорот Марота е „мајстор“ за договарање на слободни агенти, па се верува дека Интер е во пол-позиција за потписот на Чонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…