Дома Топ вести Интер ја „краде“ големата ѕвезда на Наполи

Интер ја „краде“ големата ѕвезда на Наполи

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс на крајот на сезоната ќе се пресели во редовите на Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Белгискиот репрезентативец е еден од најдобрите играчи на Наполи, но бидејќи неговиот договор завршува по крајот на сезоната ќе може да си замине како слободен играч.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го донесе Мертенс без обештетување, па веќе стапил во контакт со неговите агенти.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни постигнале начелен договор за двегодишна соработка и во јануари Мертенс ќе потпише преддоговор со Интер.

Мертенс игра во Наполи од јули 2013 година и во меѓувреме го сруши рекордот на Диего Армандо Марадона и моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот. Му недостигаат уште пет голови за да го мине Марек Хамшик и да стане најдобар голгетер на Наполи на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…