Дома Топ вести Интер трепери: Се огласи Ванда и ја откри цената на Икарди!

Интер трепери: Се огласи Ванда и ја откри цената на Икарди!

Мауро Икарди блеска оваа сезона во дресот на Интер и веќе се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот. Поради тоа интересот за него од страна на европските гиганти е се поголем.

Неговата сопруга и личен агент, Ванда Нара се огласи во италијанските медиуми и изјави дека тој што го сака Икарди ќе треба да извади „најмалку 200 милиони евра“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сексипилната плавуша откри дека многу европски гиганти се интересираат за Мауро Икарди, но дека тој е среќен во Интер и во моментов мисли само за „нероаѕурите“.

„Претпочитам да не ги откривам имињата на клубовите кои ме контактирале. Мауро мисли само за Интер и е среќен тука. Раководството знае дека тој одби многу клубови бидејќи во срцето ги носи ’нероаѕурите’. Нема да негирам дека многу гиганти се интересираат за него, многу повеќе отколку што се знае“, изјави Ванда.

Икарди од почетокот на сезоната има постигнато 15 гола на 14 натпревари, а медиумите се погласно го поврзуваат со Реал Мадрид.

„Колку чини Икарди во монемтов? Најмалку 200 милиони евра“, одговори Ванда Нара.
Интересно Аргентинецот во својот договор со Интер има откупна клаузула која изнесува 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…