Новиот директор на Интер, Бепе Марота спрема два големи трансфери за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.
Станува збор за плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос и ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Цената на Милинковиќ-Савиќ падна на околу 75 милиони евра и Марота веќе работи на трансферот за да ја победи конкуренцијата од Милан и Јувентус.
Сепак, големата ѕвезда која треба да пристигне во средниот ред е Тони Крос од Реал Мадрид. Тој трансфер ќе биде исклучително тежок бидејќи 28-годишниот Германец има откупна клаузула од 300 милиони евра.
Реал нема намера да се откаже од својата ѕвезда, но Крос би можел сам да побара нов предизвик откако освои буквално се со Реал Мадрид.
Inter Milan will try to sign Toni Kroos next summer -report https://t.co/ClMMe4o3mj pic.twitter.com/sXrKMf4dhc
— Managing Madrid (@managingmadrid) December 20, 2018