Дома Фудбал Интер се „ИСПЛАШИ“ – Икарди добива нов договор и огромна клаузула!

Интер се „ИСПЛАШИ“ – Икарди добива нов договор и огромна клаузула!

Интер ги следи случувањата во модерниот фудбал, токму поради тоа луѓето во клубот стравуваат, за најдобриот фудбалер и капитен на овој клуб Мауро Икарди.

Аргентинецот, Мауро Икарди, во овој момент е еден од најскапите фудбалери во Серија А, но Интер има проблем со откупната клазула во неговиот договор.

Имено, напаѓачот во својот договор во овој момент има откупна клазула од 110 милиони евра, а тоа е сума која според сегашните случувањата лесно може некој клуб да ја плати. Токму поради тоа „нероаѕурите“ му спремаат нов договор во кој ќе му ја зголемат платата на Икарди, но и ќе му ја зголемат клазулата на 200 милиони евра.

Во овој момент платата на Икарди изнесува 4.5 милиони евра, Интер е спремен да му понуди плата од околу 6 милиони евра годишно. Иначе, Икарди во овој момент игра во фантастична форма и постигна пет погодоци во првите три кола во италијанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…