Како што пренесуваат италијаските медиуми, Интер е силно заинтересиран за играчот на Јувентус, Квадво Асамоа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На крајот на сезоната Квадво Асамоа ќе биде слободен агент бидејќи му истекува договорот со Јувентус, а на маса има неколку понуди.
Асамоа цели 6 сезони е член на „старата дама“, па двете страни одлучија да се разделат на крајот на сезоната.
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го донесе Асамоа без обештетување. Тренерот Спалети го сака Африканецот во својот тим бидејќи е поливалентен и може да игра како лев бек, но и како играч за врска.
За неговите услуги е заинтересиран и тимот на Галатсарај, но Интер во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис.