Дома Трансфер зона Интер се засили со напаѓач од Швајцарија

Интер се засили со напаѓач од Швајцарија

Интер го договори трансферот на младиот напаѓач Дариан Малес од швајцарски Луцерн, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Милано долго време го следеше Малес и успеа да ја победи конкуренцијата, пред се на Аталанта и Валенсија.

Малес е крилен напаѓач и оваа сезона запиша 22 меча во швајцарското првенство и постигна 2 гола и 4 асистенции.

Луцерн за неговиот потпис бараше 4 милиони евра плус бонуси, но италијанскиот гигант усшеа да го договори трансферот за пониска цена.

За 19-годишниот Малес ова е прв професионален договор и се уште не е познато дали веднаш ќе биде приклучен во првиот тим или најпрво ќе игра со младинците на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…