Дома Трансфер зона Интер почна преговори за Лука Јовиќ

Интер почна преговори за Лука Јовиќ

Лука Јовиќ би можел да го напушти Реал Мадрид до крајот на преодниот рок и да се пресели во Серија А.

Се поврзуваше Јовиќ со неколку клубови, а сега „Кориере дело Спорт“ тврди дека Србинот му бил понуден на Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ после заминувањето на Лукаку го доведоа Џеко, но се во потрага по уште еден напаѓач, а Јовиќ е идеален профил.

Интер наводно почнал преговори со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на напаѓачот со право на откуп следното лето.

Србинот во Реал пристигна во 2019 година од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па јасно е дека ќе добива мала минутажа во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…