Дома Трансфер зона Интер – Одлуката за нов тренер наредниот викенд, решението веќе познато?

Интер – Одлуката за нов тренер наредниот викенд, решението веќе познато?

Управата на Интер ја продолжува потрагата за нов тренер…

Како што сега стојат работите, сите мети се далеку од „Меаца“, како искрено откри директорот Аусилио најдобрите тренери на светот се во Јувентус, Атлетико и Челзи.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Алегри е невозможна мисија, Симеоне и Конте исто така, поранешниот сопственик Морати го предложи Сари од Наполи, но изгледа дека во овој момент најголеми шанси да седне на клупата на Интер има Лучијано Спалети.

Имено, Интер чека конечен одговор од Конте, после финалето на англискиот куп наредниот викенд, но веќе се знае дека Италијанецот ќе остане во Челзи. Додека пак Спалети сигурно заминува од Рома, договорот му истекува на 30 јуни, најави дека го напушта кормилото, а помеѓу редови и најави дека го чека расплетот во друг клуб.

Во прашање веројатно е Интер, италијанските медиуми тврдат дека ако Конте и официјално го одбие Интер, Спалети ќе добие шанса.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…