Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок и конечно да изгради тим кој ќе се бори за Скудетото.
Новиот тренер Антонио Конте веќе направи список на нови засилувања, а приоритет ќе биде доведување на нов напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мауро Икарди се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната после целиот скандал, а „нероаѕурите“ веќе ја започнаа потрагата по негова замена.
Француските медиуми пренесуваат дека Интер испратил понуда тешка 70 милиони евра за ѕвездата на Лил, Николас Пепе.
23-годишниот напаѓач е вистинска сензација оваа сезона во Лига 1 и го привлече вниманието на многу европски гиганти меѓу кои Арсенал, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед.
Пепе е репрезентативец на Брегот на слоновата коска и оваа сезона постигна 23 гола и запиша 12 асистенции на 41 натпревар за Лил.
Претседателот на Лил потврди дека Пепе сигурно ќе биде продаден ова лето, па останува да се види дали 70 милиони евра ќе бидат доволни.
Покрај Пепе, „нероаѕурите“ работат и на трансферите на Николо Барела од Каљари и Един Џеко од Рома, и двајцата се на чекор од трансфер на „Џузепе Меаца“.