Во рамките од 10. коло во Серија А, Интер во терминот од 12:30 часот беше домаќин на Салернитана и „нероаѕурите“ ја оправдаа фаворитската улога.
После неполни 15 минути игра Интер стигна до предност и тоа преку Лаутаро Мартинез кој со еден одличен удар надвор од шеснаестникот го матираше гостинскиот голман. Продолжуваше Интер да напаѓа и да доминира, но и Салернитана знаеше да се закани на моменти. Голот на Лаутаро беше и единствениот кој го видовме во првото полувреме.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До нов гол се чекаше до 58. минута кога Барела го пронајде патот до мрежата за 2:0. Резултат кој се покажа и како конечен на натпреварот. Салернитана до крајот не успеа посериозно да се закани и да го загрози голот на домаќините.
Со овој триумф Интер доаѓа до 18 бода на седмата позиција, два бода помалку од Јувентус кој е едно место подоле. Лидер на табелата е Аталанта со 24 освоени бодови, Наполи (23) може да се врати на првата позиција ако денес слави против Болоња.