Интер сака да го задржи во своите редови одличниот десен бек Дензел Дамфрис и се обидува да го продолжи неговиот договор кој е со важност до летото 2025 година.
Дамфрис, кој одлично се снаоѓа на десната страна во формацијата на Интер 3-5-2, моментално заработува 2,6 милиони евра по сезона во вицешампионот на Европа, а за да остане бара речиси два милиони повеќе (4,5). што во моментов е единствената пречка во преговорите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер не е подготвен да му понуди на Дамфрис повеќе од 3,5 милиони евра годишно, па не е невозможно тој да замине.
Дамфрис ја игра третата сезона во црно-синиот дрес, а од ПСВ пристигна во 2021 година за речиси 15 милиони евра.
Челзи и Манчестер Јунајтед го посакуваат од ова лето, сега ја следат ситуацијата и сигурно ќе реагираат доколку добијат шанса да го доведат.
Дамфрис е стандарден репрезентативец на Холандија, а за таа селекција одигра 50 натпревари и постигна шест гола.