Дома Фудбал Италија Интер му постави ултиматум на Брозовиќ

Интер му постави ултиматум на Брозовиќ

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 6,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

Последната понуда на Интер изнесува 5 милиони евра плус бонуси, па „нероаѕурите“ му поставиле ултиматум  на хрватскиот плејмејкер.

Доколку Брозовиќ до крајот на декември не потпише нов договор, тогаш Интер дефинитивно ќе ги прекине преговорите и може да го продаде во јануари за да донесе негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стана јасно што ќе предложи Јувентус на ПСЖ по првата одбиена понуда

Јувентус подготви нова понуда за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, откако н…