Италијанските медиуми тврдат дека Кристиан Ериксен во јануари најверојатно ќе го напушти Интер.
Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес за Ериксен покажува ПСЖ, кој уште во летниот преоден рок се обиде да го донесе во Париз.
Интер сака да ја искористи ситуацијата и е спремен да „светците“ да им понуди трампа, така што да го добие потписот на Леандро Паредес.
Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А.