Дома Трансфер зона Интер и Јуве се приклучија во траката по ѕвездата на Селтик

Интер и Јуве се приклучија во траката по ѕвездата на Селтик

Муса Дембеле блеска во дресот на Селтик и за него силен интерес покажуваат готово сите големи клубови од Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време со младиот напаѓач се поврзува Манчестер Сити бидејќи Пеп Гвардиола е голем фан на Муса Дембеле, но Челзи во зимскиот преоден рок понуди 25 милиони фунти за неговиот потпис.

Селтик ја одби таа понуда но јасно е дека следното лето нема да може да одолее на нападите од европските гиганти, а Муса Дембеле ќе биде една од ѕвездите на преодниот рок.

Медиумите пренесуваат дека во трката за неговиот потпис се приклучиле и италијанските гиганти Интер и Јувентус, па Французинот сигурно ќе биде на слатки маки да ја избере следната дестинација.

Се очекува неговата цена на лето да порасне до 40 милиони евра, а неколку клубови во Европа се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…