Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа да го донесат Французинот во Милано.
„Паризиен“ информираше дека Канте не е во добри односи со тренерот Лампард и побарал од раководството да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна Канте влегол во конфликт со тренерот Френк Лампард, после тоа Французинот донел конечно одлука да го напушти Челзи што е можно поскоро и преку својот агент го известил раководството на „сините“.
Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Џузепе Меаца“ во јануари, бидејќи е голема желба на тренерот Конте.
„Нероаѕурите“ веќе спремаат понуда, а како дел од трансферот Скриниар може да заврши на „Стенфорд Бриџ“.
Медиумите на Островот тврдат дека Ламапрд е заинтересиран за оваа трампа, па се очекува наскоро да започнат преговори.