Дома Фудбал Интер и Севиља играат „лудо“ финале, четири гола за едно полувреме?

Интер и Севиља играат „лудо“ финале, четири гола за едно полувреме?

Интер и Севиља го играат едно од највозбудливите финалиња во Лига Европа и веќе во првото полувреме видовме четири гола (2:2).

Уште во 3-та минута Лукаку како „брз воз“ го претрча Диего Карлос, кој го фаулираше во казнатиот простор, а судијата покажа на белата точка.

Лукаку беше прецизен од белата точка, му донесе водство на Интер со својот 34 гол сезонава.

Меѓутоа, Севиља брзо се врати во игра и веќе во 12-та минута успеа да го израмни резултатот преку Де Јонг.

Во 34-та минута истиот играч погоди за комплетен пресврт на тимот од Андалузија откако со глава го матира Хандановиќ после еден центаршут од слободен удар.

Само една минута подоцна на идентинеч начин погоди Годин за 2:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн на испит во Мадрид, Барселона против перфектната Астон Вила

Четвртото коло во Лигата на шампионите носи девет натпревари, со Атлетико – Баерн и Барсел…