Дома Трансфер зона Интер и ПСЖ спремаат трампа

Интер и ПСЖ спремаат трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Леандро Паредес од ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет за Конте ќе биде доведување на играч за врска, кој ќе биде алтернатива за Брозовиќ, а Паредес е прв на листата желби.

Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А.

Италијанските медиуми не исклучуваат како дел од трансферот да биде вклучен Кристиан Ериксен, кој е голема желба на тренерот на ПСЖ, Покетино.

Паредес е отворен за преселба во Милано, па се очекува наскоро да започнат преговорите за трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…