Дома Трансфер зона Интер и Милан не се откажуваат, спремаат нов напад на Миленковиќ

Интер и Милан не се откажуваат, спремаат нов напад на Миленковиќ

Дефанзивецот Никола Миленковиќ беше мета на Милан и Интер во летниот преоден рок, но на крајот остана во Фиорентина.

Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па Фиорентија за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која споменатите клубови не беа спремни да ја платат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Проблем за „виолетовите“ е што Миленковиќ на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе падне.

Раководните луѓе на Фиорентина веќе започале преговори со агентот Рамадани за продолжување на соработката, но тешко дека двете страни ќе стигнат до договор.

Поради тоа Интер и Милан внимателно ја следат ситуацијата и спремаат нов напад во јануари за потписот на српскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…