Каљари и Интер вечерва ќе ги одмерат силите во скоп на 26-то коло од Серија А, а пред мечот раководствата на двата тима имаа важен состанок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека денес директорите на Инетр, Марота и Аусилио имале состанок со своите колеги од Каљари, а на менито бил новиот италијански „бисер“ Николо Барела.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барела веќе подолго време е на мета на „нероаѕурите“, а сега „Спортмедиасет“ тврди дека двете страни постигнале конечен договор за трансферот.
Имено, Барела на лето ќе се пресели на „Џузепе Меаца“, а трансферот ќе чини вкупно 50 милиони евра. Според договорот Интер ќе плати 40 милиони во кеш плус двајца младинци од кои едниот најверојатно ќе биде младиот напаѓач Факундо Колидио.
Барела веќе има комплетен договор со „нероаѕурите“ и на крајот на сезоната ќе потпише петгодишен договор според кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.
#CagliariInter non sono campo: i due club parlano di #Barella e di #Cragno.
Per il centrocampista è praticamente fatta, sul portiere l'Inter sta riflettendo ma è un'opzione per il dopo-#Handanovic. https://t.co/tj7InZZTIZ— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) March 1, 2019
Покрај Барела, двата клуба разговарале и за трансфер на голманот Алесио Крагно. 24-годишниот голман важи за еден од најдобрите во Серија А, а „нероаѕурите“ во него гледаат идеален наследник на Хандановиќ.
Цената на Крагно во моментов изнесува околу 20 милиони евра, Интер го известил Каљари за интересот, но двете страни ќе разговараат на лето за овој трансфер.