Дома Фудбал Интер и Брозовиќ далеку од договор

Интер и Брозовиќ далеку од договор

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и бараат од Хрватот да ја продолжи соработката со истата плата која ја добива во моментов.

Јувентус и Атлетико Мадрид се заинтересирана за Брозовиќ, па можно е следното лето Интер да го загуби играчот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга по петта првенствена победа во низа, Рама уверен пред тестот во Штип

Ландрит Рама очекува Струга Трим Лум да го задржи победничкиот ритам против Брегалница. Ли…