Шпанските медиуми откриваат дека Барселона и Интер договараат спектакуларна трампа на двајца напаѓачи.
Имено, Барселона го сака аргентинскиот напаѓач Хоаким Кореа и е спремна во Милано да го испрати Мемфис Депај.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чави не му дава голема минутажа на Депај и сака да се ослободи од него, а Барселона има идеја да го употреби Холанѓанецот во трампа за да дојде до потписот на Хоаким Кореја.
Аргентинецот пред две години дојде во Интер за 32 милиони евра на барање на тренерот Инзаги,но не ги оправда очекувањата и главно ја грее клупата за резерви.
Интер наводно се согласил за ваква трампа, само не е позната сумата која Барселона треба да ја доплати на „нероаѕурите“.
Депај е профил на напаѓач каков што му се допаѓа на Инзаги бидејќи може да игра во тандем со Лаутаро, Џеко и Лукаку.
🚨 Barcelona and Inter Milan are very close to reaching an agreement in principle for a swap deal between Memphis Depay and Joaquin Correa.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 16, 2023
Transfer will only go ahead of Memphis gives the green light on the move.
(Source: @gerardromero) pic.twitter.com/1EFajoNyU8