Интер и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.
Турам беше мета на Интер уште пред две години и беше блиску до трансфер во Милано, но се повреди и трансферот пропадна во последен момент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а „нероаѕурите“ внимателно ја следат неговата ситуација.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони.
Меѓутоа, Интер ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за Французинот интерес покажува и Баерн Минхен.