Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота со години успева да изгради клубови кои носат титули во Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Марота планира да се повлече од фудбалот кога ќе му заврши договорот со Интер, а потоа ќе почне политичка кариера.
Во разговор со новинарите, Марота вели дека Интер има свој „Лионел Меси“, а тоа е Лаутаро Мартинез.
„Лаутаро е нашиот Лионел Меси. Тешко може да се каже дека е најдобриот играч со кој сум работел, но морам да посочам дека Мартинез е млад талент кој станува шампион. Станува сè подобар и сè уште е млад“, вели Марота.