Интер ја разгледува можноста на лето да го врати Ромелу Лукаку во своите редови, пренесува денешното издание на „Газета дело Спорт“.
Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи, после две одлични сезони во Интер, а „сините“ за неговиот потпис платија 115 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Лукаку оваа сезона е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А, го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.
Тој инсистира да се врати во Интер, веќе разговарал со раководството на „нероаѕурите“ и е спремен да прифати големо намалување на платата.
Интер сака да го врати, но има финансиски проблеми, а последните информации од Апенините се дека „нероаѕурите“ се спремни да го продадат Лаутаро за да го вратат Белгиецот.
Интерес за Лаутаро покажуваат Тотенхем Атлетико Мадрид, а Интер е спремен да го пушти доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.