Дома Фудбал Лига на шампиони Интер изврши „харикири“, Мехенгладбах во нокаут фаза🎥

Интер изврши „харикири“, Мехенгладбах во нокаут фаза🎥

Реал Мадрид рутински ја победи Борусија Мехенгладбах и го освои првото место во групата, а Интер одигра само 0:0 со Шахтјор и заврши на последното мето.

„Нероаѕурите“ се најголеми губитници во последната ноќ во Лигата на шампиони, бидејќи на крајот останаа без европска пролет.

Со оглед на фактот што Реал Мадрид имаше водство од 2:0 против Мехенгладбах, на Интер му беше потребна победа против Шахтјор во Милано.

Тимот на Конте од самиот старт го контролираше натпреварот, но во првото полувреме не создаде големи шанси.

Во второто полувреме „нероаѕурите“ тргнаа на се или ништо, а најдобрата шанса ја имаше Санчез во 90-та минута, но топката го погоди Лукаку на патот кон голот.

На крајот со освоен бод Шахтјор го освои третото место во групата, а Интер не успеа да обезбеди ниту пласман во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона ја открива вистината: Им испративме понуда од 100 милиони евра!

Барселона првпат јавно потврди дека летово испратила официјална понуда за аргентинскиот на…