Дома Трансфер зона Интер е на потег: Ова е најновата понуда од ПСЖ за Икарди

Интер е на потег: Ова е најновата понуда од ПСЖ за Икарди

Oткако се заврши првенството во Франција, Мауро Икарди се врати во Италија, но прашање е дали ќе остане.

Икарди беше на едногодишна позајмица од Интер во ПСЖ, но и понатаму не е познато дали францускиот шампион ќе го откупи неговиот договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ не е спремен да плати 70 милиони евра колку што стои во откупната клазула од претходниот договор за позајмица и се обидува нешто да заштеди. Најновата понуда за Интер гласи 50 милиони евра, плус 10 преку бонуси.

Според оваа понуда јасно е дека Интер и да ги добие бонусите тоа ќе биде сума за 10 милиони помала од клазулата. Меѓутоа ПСЖ оди на картата што во Интер никој не смета на Икарди и сите очекуваат да биде продаден, па затоа и оваа понуда би можела да биде прифатена.

На 31 натпревар Икарди во дресот на ПСЖ постигна 20 голови, при тоа ја освои и тутулата шампион на Франција. Нема причина ПСЖ да не го откупи, но ќе видиме дали тоа ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…