Интер е на чекор од освојување на титулата во Серија А, а „нероаѕуриите“ веќе го безбедија потписот на две големи засилувања за следната сезона.
Станува збор за плејмејкерот на Наполи, Пјотр Зиелински и напаѓачот на Порто, Тереми, чии договори со клубовите истекуваат на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека договорот е постигнат, и дека Зиелински ги договорил личните услови со „нероаѕурите“. Со Интер тој ќе потпише соработка на три години со опција за продолжување на уште една сезона.
Што се однесува до Тереми, тој веќе ставил потпис на преддоговор и исто така на лето ќе пристигне во Милано како слободен агент.