Милански Интер покажува сериозен интерес за играчот на Манчестер Јунајтед и холандски репрезентативец, Дени Блинд, пренесува „Газета дело Спорт“.
Договорот на Блинд со „црвените ѓаволи“ истекува во 2019 година, па ова е последна шанса клубот да заработи од неговата продажба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холанѓанецот не влегува во плановите на Мурињо, па Интер е спремен да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Милано.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Спалети го сака Блинд во својот тим бидеќи станува збор за поливалентен играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни во наредните недели да испратат понуда до Манчестер Јунајтед.