Дома Трансфер зона Интер го сака плејмејкерот на Реал Мадрид

Интер го сака плејмејкерот на Реал Мадрид

Интер е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид, па јасно е дека на крајот на сезоната ќе го напушти „кралскиот“ клуб.

Неговиот договор со Реал истекува на крајот на сезоната и ќе замине како слободен агент, а може да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.

Интер сака да го засили средниот ред, а Инзаги верува дека Шпанецот би можел да биде идеална алтернатива за Брозовиќ.

„Нероаѕурите“ наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Себаљос и сакаат да го донесат на лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…