Дома Трансфер зона Интер го најде наследникот на Хандановиќ

Интер го најде наследникот на Хандановиќ

Голманот на Арсенал, Бернд Лено може кариерата да ја продолжи во Серија А во дресот на Интер, пренесуваат островските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал е спремен да се раздели со 29-годишниот гермаски голман бидејќи ова лето го ангажираше Арон Рамсдејл од Шефилд Јунајтед.

Лено пристигна во Арсенал од Баерн Леверкузен вп 2018 година и до овој момент има одиграно 120 меча за „топџиите“.

Интер е во потрага по квалитетен голман кој ќе го наследи Хандановиќ. Словенецот брани одлично, но веќе е во поодминати години, па „нероаѕурите“ бараат замена.

Покрај Лено, Интер е заинтересиран уште за Андре Онана од Ајакс, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…