Раџа Наинголан во текот на летниот преоден рок пристигна како големо засилување во Интер, но засега не ги оправда високите очекувања.
Причина за тоа се честите проблеми на Белгиецот, но и недисциплината, па Интер реши да преземе конкретни чекори и го казни фубалерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер потврди дека го суспендираше од било какви фудбалски активности својот фудбалер Раџа Наинголан поради нарушување на дисциплината во клубот.
Од Интер не објаснуваат точно кои се причините за овој чекор, но единствено информираат дека Наинголан е под суспензија.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наинголан оваа недела неколку пати задоцнил на тренинг и тоа точно пред големото дерби со Наполи.