Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер постигнал договор со напаѓачот на Сампдорија и колумбиски репрезентативец, Луис Муриел.
„Нероаѕурите“ спремаат реконструкција следното лето, па покрај една голема ѕвезда како Агуеро или Санчез сакаат да донесат и напаѓач кој ќе биде замена за Паласио и Габигол.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека изборот паднал на Луис Муриел кој игра одлично оваа сезона во дресот на Сампдорија.
Наводно „нероаѕурите“ веќе имаат договор со играчот, а наскоро ќе започнат преговори со Сампдорија бидејќи не сакаат да ја платат откупната клаузула која изнесува 28 милиони евра.
Медиумите тврдат дека двете страни имаат одлични односи и можат да најдат заеднички јазик за трансфер вреден 20 милиони евра.